„Метрологијата нема врска со временска прогноза.И јас до пред некое време грешев, мислев дека тоа е наука за времето. Но, метрологијата го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот. Метрологијата е важна затоа што точните и конзистентни мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на живот“, рече Сељами.
Фото Фејсбук: Тимот на Бирото за метрологија
Директорот Сељами е роден 1984 година, дипломирал право, има положен правосуден и нотарски испит и веќе бил на функицја – заменик директор на УЈП.
Неговата изјава во тој дел може да се види од телевизиската снимка на Телма.