среда, 10 декември 2025

Министерството за правда ќе го испитува случајот со новинарката Колевска-Делевска

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за правда ќе ја преиспита постапката на раководителката и ќе преземе сè што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи сè за да ја заштити слободата на изразување и говор, која е неприкосновено право во секое демократско општество”, се вели во денешното соопштение.

По покана доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса, новинарката Соња Колевска-Делевска од СДК.мк вчера беше во полициската станица Беко во Скопје на службен разговор во врска со поплака за објавен текст.

Пријавата ја поднесе државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која, како што кажала, почувствувала вознемиреност по нејзините здравје и углед по текстот „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во Министерството за правда, а откако одбила, била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат”, објавен во СДК.мк на 27 април 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ