Ја знаеме позадината на дезинформациите, рече министерката Петровска и нагласи дека без оглед на тоа е дадено задолжение, како што рече, писмено да биде известена каква е состојбата по овие прашање.
По денешното одбележување на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во касарната „Илинден” во Скопје, таа нагласи дека се води редовен дијалог со синдикатите за отворени прашања, кои, како што рече, во скоро време ќе се решат.






