среда, 10 декември 2025

Милошоски: Тоа што не му успеа со Марјановиќ, Камбовски сега се обиде да го протне вербалниот деликт

Објавено на

часот

Сподели

„Јавноста беше непријатно изненадена што владата предложи закон за клевета и навреда каде санкциониран би бил секој граѓанин/ новинар кој изнесол ‘негативно мислење’. Да биде апсурдот поголем предлогот за казна за ‘негативно мислење’ во Собранието дојде со злоупотреба на европското знаменце, со цел да помине по итна постапка и без јавна дебата.
Но, работите стануваат појасни доколку се види кој раководел со групата за таканаречени реформи во Mинистерството за правда. Тоа е академикот Камбовски, или ‘главниот партиски обвинител’ кој во едноумието го гонеше професорот Ѓорѓе Марјановиќ што се дрзнал да предложи укинување на вербалниот деликт. Тоа што не му успеало на Камбовски во едноумието, сега нашол прилика да го протне како ‘негативно мислење’ со европско знаменце со актуелнава влада.
Ова е лош старт за новиот министер за pравда, кој го наследил и предлог законот и академикот. Но доколку министерот Тупанчевски има желба да ја увери јавноста дека не се согласува со предложениот ‘вербален деликт’ не е доволно само да соопшти дека станува збор за грешка во текстот, туку да го смени и авторот на текстот и да го тргне Камбовски од челната позиција на Работната група за реформи на законите во Министерството за правда. Така не само што ќе заштеди на исплатените хонорари за Камбовски, туку ќе се поштеди и од слични бламажи во иднина“, напиша Милошоски на својот фејсбук-профил.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ