недела, 21 декември 2025

Милошоски: Ќе покренеме интерпелација ако пратеничката Соња Мираковска продолжи да го крши Деловникот

Објавено на

часот

Сподели

„Гледаме дека претседателката Мираковска инсистира на тоа дека дневниот ред е усвоен и дека точката за расправа е отворена иако сведоци сме дека на минатата седница тоа не се случи.

Зошто? Затоа што претседателката на Комисијата Мираковска најдобро знае дека пред какво било изјаснување за дневниот ред мора да праша, формално, дали некој од пратениците, членови или заменици членови на Комисијата, има предлог измени или дополнувања на дневниот ред, нешто што таа не го направи.

Ваквиот пропуст, дали е од незнаење или под притисок на владејачкото мнозинство е нејзин проблем, но доколку продолжи на овој начин да се однесува и да ја води седницата на Комисијата, најавуваме дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на денешниот ден ќе поднесеме иницијатива за интерпелација за работата на претседателката Соња Мираковска и таа да биде разрешена од позицијата претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Бидејќи Собранието сепак има правила и процедури, тоа е законодавен дом, избрани пратеници од граѓаните и не може самоволието или притисокот кој го прават СДСМ и ДУИ врз пратеничката Соња Мираковска да биде поважен од Деловникот и од законите. Ако не е спремна да ги почитува Деловникот и законите, тогаш треба да биде спремна за интерпелација која што денеска ја најавуваме доколку продолжи со вакво прекршување на Деловникот на Собранието на Репулбика Македонија“, изјави Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ