среда, 18 март 2026

Милошоски го кани Османи да даде отчет за конзулите пред пратениците

Објавено на

часот

Сподели

Согласно контролната и надзорна улога на Собранието врз извршната власт, а во врска со некои спорни одлуки за упатување на генерални конзули во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Америка го поканувам министерот за надворешни работи Бујар Османи на седница на Комисијата за надворешна политика на која ќе се разговара за почитувањето на законските норми при именувањето на генералните конзули, пишува во официјалното писмо на Милошоски до Османи.
На својот фејсбук-профил Милошоски напиша: „Дипломатијата за жал често именува дипломати врз основ на личен клиентелизам, наместо врз основа на стручност. Последните примери со генералните конзули во Чикаго и Њујорк се доказ дека одредени кадровски решенија се носеле позади завесата ‘затворена владина седница’, иако не ги исполнувале предвидените законски услови.
Затоа МНР Османи треба да даде отчет пред пратениците како претставници на граѓаните“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ