„Лично имам симпатии кон Украина бидејќи се работи за мала земја која има слична историја со Македонија бидејќи често била оспорувана и во однос на идентитетот и територијално. Она што се случува денес е поврзано со овој историски развој на настаните.
Македонија треба да ја споделува и да учествува во градењето на политиките и позициите на НАТО и да ја сподели позицијата на ЕУ која е на линина на почитување то на меѓународното право. Македонија имаше свој случај пред Меѓународниот суд на правдата и се повикуваше на почитување на меѓународното право и тој принцип треба да го задржиме“, изјави Милошоски.






