четврток, 11 декември 2025

Mилошоски бара комисиска расправа за тешките повреди на собранискиот Кодекс од Талат Џафери

Објавено на

часот

Сподели

Тој смета дека Комисијата за деловнички прашања во најкус можен рок треба да закаже јавна седница, да го покани и пратеникот Талат Џафери и да му изрече јавна опомена. Ова би бил еден чекор кон очекуваната оставка после бруката во Собранието, смета Милошоски.

„Тешка повреда сторил ‘пратеникот кој што врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Службата на Собранието во извршувањето на нивните работни задачи’. Ова е запишано во член 14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците кој е усвоен во 2018, а како прв предлагач потпишан е пратеникот Талат Џафери.

Истиот пратеник од позиција на претседател на Собранието на 11 мај, како што слушна целата јавност, со крајно вулгарен речник врши притисок кон вработените во службата за седници во Собранието, пцуејќи ги нивните мајки и омаловажувајќи го нивното достоинство. Ова е досега најтешката повреда на Етичкиот кодекс, која мора да биде санкционирана согласно истиот“, смета Милошоски.

И Левица бара Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието да изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец. Според Левица, Џафери предизвикал тешки повреди на членот 14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците, со што на вработените во Собранието им извршил притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи, користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ