„Забега министерчево! Порачува ‘Сус!’ за историчарите, но и за целата јавност!”, коментира режисерот Владимир Милчин, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која тој вели: „Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања”.
„Ќе дели дозволи за ‘благонадежните’ кои ќе смеат да ги коментираат, односно да им аплаудираат на политичарите? На власта која не трпи критика и кога е боса, односно некомпетентна за проблемот, како што е некомпетентна за историјата. Грдо е да распродаваш туѓа историја и згора на тоа да наложуваш молк!
ПС. Ќути кад разговараш са мном, ни наредуваа капларите во ЈНА. На тоа ме потсетува Бујар Османи“, напиша Милчин.






