среда, 18 март 2026

Мицкоски: За договор со Софија потребни се гаранции од Брисел

Објавено на

часот

Сподели

„Велам ќе почнат притисоците, ќе почнат повторно притисоците врз пратениците, ќе почнат притисоците врз луѓето кои што се внатре, ќе почнат девалвирањето на тој парламент. И, како што е сценариото веќе видено во минатото. И затоа велам, го прифаќам сиот товар врз себе да ги заштитиме тие луѓе кои што се во парламентот, да го заштитиме нивното достоинство, да ги видиме оние гаранции од Брисел и потоа можеме да разговараме за секакви договори”, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во овој момент и во иднина, како што стојат бројките и расположението на граѓаните, таков договор каков што планира да го потпише Ковачевски нема да биде успешно поминат во Парламентот.

„И одбивам да бидам прогласен за анти – ЕУ, ако не го поддржам тој договор. Прво, на маса сакам да видам гаранции. И Петков бара, барам и јас гаранции, за мајчиниот јазик – македонскиот, гаранции за мојот народ – македонскиот, дека има своја историја вековна, традиција, култура, обичаи. И, конечно третата гаранција е дека никогаш повеќе никој нема за вакви глупости нас да не попречува да станеме земја членка на ЕУ”, рече  Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ