понеделник, 22 декември 2025

Мицкоски: Водиме преговори за набавка на најмалку 100 електрични автобуси и фабрика за производство на електрични автобуси

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски кажа дека се работи на набавка на најмалку 100 електрични автобуси и во завршна фаза е подготовката на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување на минимум 500 луѓе на, како што рече, силно и добро платени работни места, со што Македонија ќе се ставела на мапата на производители на електрични автобуси во Европа.

Тој уште кажа дека тие, како ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите странски компании кои што мигрираат од кризните региони Украина и Русија да дојдат овде во Македонија, да инвестираат, да отворат нови работни места, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат заедно со администрацијата сето она кое што е во нивна надлежност.

„Да ги поканиме тие странски инвеститори кои што мигрираат од Украина и Русија, да дојдат овде во Македонија да инвестираат, да вработат македонски граѓани за добри примања, да отворат нови работни места и колку толку да ја ублажиме и онака тешката ситуација во која се наоѓа македонската економија поради овие настани кои што за жал ние геостратешки не можеме премногу да влијаеме.
Од она кое што го извршивме заедно со економскиот тим во партијата како мапирање во Украина и Русија веќе има инвеститори кои што се присутни во Македонија. Мапиравме такви пет компании ОДВ, Гентерм, Кромберт и Шуберт, Аптив“, вели Мицкоски.
Тој веќе ги задолжил градоначалниците на Охрид, Битола, Илинден да испратат писмо до овие компании да дојдат и да инвестираат во Македонија.

Што се однесува до проектите, рече дека започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта, 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри, се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови, а расчистени биле повеќе од 200 диви депонии.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ