недела, 21 декември 2025

Мицкоски: Претходните градоначалници од СДСМ создадоа бројни олигарси

Објавено на

часот

Сподели

Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, рече Мицкоски.

„Уште во 2017 – 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во Јавното обвинителството и во Основен суд Скопје 1 биле прислушувани обвинители и судии, беа откриени тајни централи за снимање на разговори”, рече тој и  потенцира дека „дебаклот на Спасовски“ започна уште тогаш кога кажал дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, а во суштина нема ништо од тоа. Напротив, додаде, пасоши се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови.

Мицкоски додаде дека кулминацијата е со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.

„Имаме сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на МВР. Покрај криминалот и корупцијата, и парите и провизиите немаат боја, a тогаш и колнењето престанува”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите и дека тоа нема да го подобри стандардот на граѓаните, ниту ќе го намали бројот на автобуси со кои младите заминуваат да живеат во странство.

Тој оцени дека политиките на СДСМ се катастрофални, како и антикризниот пакет од 400 милиони евра.

„Неколку кризи се позади нас и моментално живееме во услови на криза. Во претходната ковид – криза последни бевме по добивањето на вакцини. Најпрвин започнавме со проблеми со тестирањето за да на крај последни завршиме со процесот на вакцинација. Се сеќаваме и на пожарите летото во Македонија каде молевме низ цела Европа да дојат луѓе да ни помогнат бидејќи властите СДСМ и ДУИ но и градоначалниците на СДСМ во тие општини не беа способни да се справат со огнената стихија. Сега гледаме и со енергетската криза иако ги предупредувавме дека ќе се случи“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека поради таквата економска политика Македонија во 2021 година е последна во регионот според растот на БДП и дека имаме стагфлација, односно висока инфлација со стагнирање на економијата.

Во однос на одлуката за покачување на пензиите Мицкоски рече дека суштината е дека во изминативе три и пол години, власта на пензионерите им одзема 20-тина проценти од нивните пензии.

„Затоа ние побаравме да имаме зголемување на пензиите од дваесетина проценти. Практично на луѓето да им го вратат тоа што им го потрошија”, рече Мицкоски.

Единствено нешто што власта се одважи и ја послуша опозицијата, е тоа што го продолжи рокот за намаленото ДДВ од 5% на сметките за електрична енергија, од 30 јуни до 31 декември, но сепак, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа нема да спречи по 30 јуни да се случи нов ценовен шок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ