среда, 17 декември 2025

Мицкоски: Како професор ги поддржувам наставниците, секако не корумпираната власт

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум пред сѐ просветен работник, универзитетски професор, педагог и како професор и како педагог едноставно јас немам друг избор. Ако од едната страна е корумпирана и криминална Влада, а од другата страна се наставниците и професорите, јас знам дека наставниците и професорите и нивниот интерес тогаш ќе бидат мојот избор и изборот на ВМРО-ДПМНЕ. Наставниците и професорите се луѓето кои што треба да создадат генерации млади луѓе кои ќе ја градат иднината на Македонија”, рече Мицкоски.

Тој рече дека не разбира зошто Владата се плаши од пркосот и желбата за достоинствен живот на македонските работници.

„И навистина, глупаво делуваат оние изјави од страна на Владата и Ковачевски дека сето ова било организирано од ВМРО-ДПМНЕ за да падне владата. Па, еве и да падне владата, ако таа влада е доволно јака на избори ќе победи. Суштината е поинаква, суштината е што тие се плашат од дебакл и од жесток пораз на тие избори и затоа грчевито се борат за своите фотелји и привилегии на грбот на овој напатен и сиромашен народ. Но, како што кажав и вчера така и денеска, секоја една работа има свој почеток но има и свој крај. Тие во владата се тие кои што треба да изберат каков крај ќе имаат, достоинствен или недостоинствен”, истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ