среда, 17 декември 2025

Мицкоски го повика Ковачевски да се вразуми: Ние сме политички конкуренти, но не и непријатели на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„За мене непријателски акт е кога министер, кој што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство Македонци, стои пред знаме на туѓа држава и се срами да каже дека доаѓа од оваа држава, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета, во текот на вчерашниот ден“, изјави Мицкоски во Радовиш.

Според него, нема други политички фактори освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои што можат да се договорат за иднината на Македонија и да престанат понижувањата и срамот кои на дневна основа и се случуваат на државата од функционери плаќани со парите на граѓаните, како што беше последниот вчерашен пример на македонски министер при посета на соседна држава кој што се сликаше под туѓо знаме не македонско.

„Резултатот од овие политики на СДСМ е тоа, затоа апелирам до Ковачевски, не постојат други фактори освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој што можат да се договорат за иднината на Македонија. Нека не се залажува дека некој друг му го чува грбот, тој грб ќе му биде полн со ножеви. Немаме поголема цена од Македонија, ние сме тие кои што сме иднината на овој народ и ние сме тие кои што се одговорни за иднината на Македонија. Нека не мисли дека други политички субјекти се тие кои што без нив не може. Не, не е така. За да прекинат срамот, како тој вчера што го направи тој министер кој што го плаќаат граѓаните, го повикувам на разум, на патриотски дух, да седнеме на маса и да ставиме крај на срамот што некои други ни го прават“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека доста му е на македонскиот народ и на македонските граѓани од понижувањата и од поделбите кои што одредени политички партии му ги прават и дека тоа е против државните интереси и против мултиетничките односи во државата.

„Затоа го повикувам Ковачевски да се вразуми, ова не е ниту до Мицкоски ниту до Ковачевски, иднината на Македонија е во прашање, да седнеме и да разговараме, немаме ние друга држава, ние немаме резервна татковина, доста некој ни ја понижува и доста некој ни ја краде. Некој свесно внесува поделби, некој свесно сака да го подели македонскиот народ и македонските граѓани и свесно внесува национализам и антагонизам. Само ние можеме тоа да го спречиме, само ние ја имаме таа сила која што може тоа да го спречи. Тоа е мојата порака“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ