„Живееме во времиња на големи предизвици и проблеми кои ги делиме заедно, исто како што сме ги делеле низ вековите наназад. Токму ваквите празници се можност да ги истакнеме нашите заеднички традиционални вредности кои не врзувале низ годините, а тоа се разбирањето, солидарноста, толеранцијата истрајноста. Верата во Бога го прави секој човек духовно побогат и подготвен да се справи со сите пречки кои се испречуваат пред него. Луѓето, без разлика на религијата, кога се обединети и кога имаат силна верба можат заедно да направат подобро утре за себе и за своите блиски, за своите комшии и за своите сограѓани, напиша Мицкоски во честитката. Тој посочува дека правењето добри дела може да ги сплотува луѓето.
Честитка по повод Рамазан Бајрам
Мицкоски: Без разлика на религијата, само обединети до подобро утре

ТОП ВЕСТИ