недела, 21 декември 2025

Мицкоски: Ако протестираме можно е меѓународниот фактор да нѐ обвини за дестабилизација

Објавено на

часот

Сподели

„Се согласувам дека нема активности на опозицијата во таа насока. Многу граѓани приоѓаат, ме контактираат и преку социјалните мрежи, бараат протести, народот да излезе на улица затоа што, велат, работата не ја бива. Pаботата не ја бива, а тоа се потврдува и преку анкетите, повеќе од 75 проценти од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да замине. Тоа создава голема фрустрација и револт и барања да се протестира, да се излезе на улица. Но вистинското прашање е дали на тој начин, имајќи ја предвид безбедносна криза, кога ни се случува украинската криза, нема од страна на меѓународната заедница да бидеме прогласени како политички субјект кој што се обидува да ја дестабилизира Македонија, па така и на тој начин да ѝ дадеме вештачко дишење на оваа криминална влада на СДСМ и да го продолжиме нејзиното владеење”, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во вакви услови, кога има војна, треба да се биде мудар и трпелив и чесната намера на опозицијата за заминување  на оваа криминална влада да биде претворена во намера за дестабилизација на Македонија, а со тоа, како што нагласи Мицкоски, „да не наидеме на разбирање и во пошироката јавност и кај меѓународната заедница“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ