среда, 17 декември 2025

Мицевски: Од утре започнуваме со блокада на Собранието

Објавено на

часот

Сподели

Мицевски рече дека станува збор „за процес што ќе трае најверојатно до падот на оваа Влада и одржување предвремени избори”.

„Подготвени сме да одиме до крај зашто можеме и мораме да ја осигураме иднината на граѓаните“, изјави Мицевски пред седиштето на партијата.

Одлуката за активна блокада на Собранието што претходно ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, според Мицевски, на денешната средба била едногласно прифатена.

Toj информира дека ребалансот на буџетот нема да биде опструиран.

Мицевски рече дека има четири причини за блокадата: економија, здравство, образование и меѓународна политика.

Тој додаде дека со разговор за датум за предвремени парламенатрни избори помеѓу премиерот Димитар ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ може да се дојде до решавање на проблемите во овие четири области.

На координативната средба присуствувал и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ