среда, 11 март 2026
Вицепремиерот за Гласот на Америка

Маричиќ: Нема план Б, предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

 

„Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е за, а кој е против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов десетгодишен тунел. Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки“, вели Маричиќ, кој се наоѓа во САД.

За ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се помести од своите позиции, дали постои план Б и дали е во Вашингтон за да побара поддршка од стратешкиот сојузник – САД, тој вели дека поддршката има од сојузниците, но не за никаков план Б.

„Поддршката е само за планот А. Тоа е единствениот план што го имаме, а тоа е завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ, и членство на Северна Македонија до 2030-та. Секоја партија, секој политичар, којшто ќе се спротивстави на ова, ќе носи историска одговорност, за евентуален негов неуспех. Јас сум сигурен дека имаме доволно време до ноември, да ја убедиме целата пратеничка група или дел од пратеничката група на опозицијата да гласа за овој предлог, затоа што премногу е голем влогот да ја изгубиме оваа шанса. И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата треба да дадат одговор, зошто работат да ја пропуштиме оваа шанса, бидејќи следната година веќе ќе имаме друг контекст, а ние многу ќе доцниме. Веќе чекавме 17 години да ги почнеме разговорите, нема веќе ниту ден за губење“, рече Маричиќ.

Според него, постои чувство дека консензусот за ЕУ е нарушен, откако ВМРО-ДПМНЕ зазема премногу цврст став да не ги поддржува уставните измени.

„Не можеме да бидеме само декларативно за ЕУ, мора да покажеме на дело. Денес се уставните измени, а утре ќе бидат многу други одлуки за кои ќе треба двотретинско мнозинство, а се врзани за конкретни европски политики, независно дали се работи за правосудството или други сегменти“, вели Маричиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ