понеделник, 15 декември 2025

Маричиќ ѝ се заблагодари на Јапонија која само за борбата со ковид-19 ни даде 800 илјади евра

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението, на средбата било разговарано за досегашната билатерална соработка, успешната реализација на проектите од јапонските грантови, како и унапредување на соработката со нови бизнис релации и инвестиции.

„Финансирањето на развојни проекти за одржлив економски и социјален развој, е од суштинско значење за државата и за нејзините евроинтеграции“, истакнал Маричиќ.

Јапонија, како што се наведува, е еден од нашите најголеми донатори и поддржувачи на европската интеграција.

Од Секретаријатот велат дека јапонската финансиската поддршка ќе се алоцира кон проекти кои ќе придонесат во остварувањето на европската агенда. Затоа следниот период фокусот ќе биде ставен на реализација на проекти во областа на здравството, образованието и животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ