Во соопштението од министерството се додава дека Цаца Николовска и Положани се избрани од редот на експертите во работната група.
Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира работна група.
„Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
Работната група има 23 членови од кои 10 се од редот на експертите, 10 се предлози на политички партии и 3 членови се од институции, од кабинетот на претседателот на а РСМ, од МНР и од СЕП .
Министерот за правда Кренар Лога и заменичката на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ“
, се вели во соопштението од министерството.






