петок, 10 април 2026

Малинка Јорданова: Предлог резолуција на СДСМ за легитимирање на она што го направи претходната влада

Некои клучни елементи се контрадикторни, вели во разговор за „Локално“, поранешната директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ) и експертка на полето на евроинтеграциите, Малинка Ристевска-Јорданова за предлог-резолуцијата на СДСМ со црвени линии за одблокирање на европскиот пат на земјава.

Објавено на

часот

Сподели

„Предлог Резолуцијата се сведува на тоа да се легитимира она што го направи претходната влада, прифаќајќи го францускиот предлог и да се ‘протуркаат’ што поитно уставните измени, кои само ќе создадат нови услови и основи за блокади. Не се предлагаат нови механизми за да се подобри македонската позиција. Со писмо оваа сложена ситуација не се решава. Залагањето за реформи и отчетност пред Собранието секако се позитивни, но и тука работите се измешани – на пример Реформската агенда е еден посебен инструмент, кој треба да биде комплементарен, но во никој случај не треба да се идентификува со преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.

За жал, неуспехот на најголемите партии да дојдат до заеднички став во однос на преговорите со ЕУ има двојно негативно дејство – и натаму ги ослабнува македонските позиции надвор, а ги поттикнува делбите внатре во македонското општество“, заклучува Ристевска Јорданова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ