понеделник, 22 декември 2025

Македонското семејство со новороденчето евакуирано од Харков, објави Османи

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Фејсбук, Османи напиша дека тие со на безбедно и се во добра состојба. „Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје.

Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина“, пишува Османи.

Според него, во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов нема веќе пријавени наши државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ