„Она сето што го започнав во периодот додека бев амбасадор сакам да го продолжам сега и во Македонија. Се работи за движење Македонска ера трета, кое има за цел да ја промени Македонија структурно, односно да се реорганизира. За таа цел со нашите пријатели и соработници од Турција сакаме во Македонија да инвестираме значителни финансии во повеќе области, особено во земјоделието по што е познат вашиот крај. Затоа овде сакаме овде во Делчево да го презентираме нашиот акционен план, што ние конкретно сакаме да направиме во таа област и не само во оваа област туку како што кажав и во останатите области“, рече Тасковски.
Како движење главната порака која сакаат да им ја пренесат на граѓаните е да им го доближат концептот на вистинскиот патриотизам кон државата.
„Сакаме со дела да му покажеме на народот дека не ти треба државна и локална власт за да правиш добри дела за својата земја. Потребно е срце, малку патриотизам и љубов кон сопствената држава и народ. За да биде тоа така мора да ја промениме матрицата, бидејки ако сакаме тоа да профункционира потребна е огромна поддршка од народот. Тоа ќе го тераме до крај преку нашиот акционен план кој има решение за се во Македонија“, додаде Тасковски.
Македонска ера трета/Македонски независни листи, како што подвлече Тасковски, веќе трета година активно работи на терен да ја смени државата на подобро. Според него излез за државата има, а соработниците од Турција кои се по потекло од Македонија со значителен број на проекти и финансии ќе бидат тука да помогнат во тој процес.