„Списокот ги вклучува САД и Канада, земјите на ЕУ, Велика Британија, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтеншатјн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван. Овие земји и територии воведоа или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот на специјалната воена операција на руските вооружени сили во Украина“, објави агенцијата.
Владата уште забележува дека според овој декрет, руските граѓани и компании, самата држава, нејзините региони и општини кои имаат обврски кон странски кредитори од листата на непријателски земји ќе може да им плаќа во рубљи. Новата привремена процедура се однесува на плаќања што надминуваат 10 милиони рубљи месечно.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа дали се известени за руската листа на непријателство каде спаѓа и Македонија, истакна дека официјално не се информирани.
„Нашата позиција кон Руската Федерација во контекст на оваа агресија е јасно искажана, таа е јавно манифестирана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на Европската Унија во осуда, но и во дефинирање на односот кој што ќе го имаме со Руската федерација, но тоа ќе го направиме во координација со ЕУ а не врз основа на билатерална одлука“, рече Османи.






