среда, 17 декември 2025

Македонија од НАТО да побара поддршка за ЕУ, порачува Демократскиот сојуз

Објавено на

часот

Сподели

„Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без какви било условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век“, соопшти Демократски сојуз.

Истовремено, од партијата изразуваме резерви кон искажаните ставови на државно-политичкиот врв дека има единствен став кај партиите од власта и опозицијата, Бугарите да бидат вградени во Уставот, како замена за започнување на преговорите со ЕУ, заборавајќи ги притоа Македонците во Бугарија.

„Европска унија – ДА, уцени – НЕ, треба конечно да се однесуваме државнички и со дигнитет“, порачуваат од Демократски сојуз.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ