Лога денеска објави извод на лице родено во 1982 година, каде во графата за неговите родители, е запишана етничката припадност на таткото и мајката. Тоа што сака да го каже Лога е веројатно дека етничката припадност не е новина кога станува збор за изводите. Но, е сепак новина за лицето кое бара извод, бидејќи негова определба е како ќе се изјасни според етничката припадност и дали воопшто сака да се изјасни.

Како и да е, Лога се послужил со речници и толковни речници на македонскиот јазик за да докаже нешто поврзано со неговата одлука која значио дека на шалтерот кога се бара нов извод мора да се искаже етничката припадност и таа да биде потоа запишана.

А токму денеска неговата претходничка по функција, професорката Рената Дескоска има широко образложение зошто Уставниот суд мора да ја укине одлуката на Лога бидејќи се навлегува во сензитивни прашања и се поништуваат законски решенија кои Македонија веќе ги има прифатено од ЕУ.
„Мслам дека е добра веста што дојде од Уставниот суд дека ќе го искористат судскиот активизам и ќе покренат постапка за оцена на уставноста на упатството. Би била одлична вест, доколку како епилог на таа постапка, Уставниот суд го поништи новото упатство, а го укине спорниот дел од законот, повикувајќи се на меѓународните акти кои ги имаме потпишано и ратификувано“, вели Дескоска.
П.Џ.






