Лимани напиша:
• Милионерите ви го присвоија имотот, парцелите, куќите…
• На граница треба да чекате 6-7 часови и да зовривате до коска…
• Те гледаат, те третираат и сметаат само како „банкнота“ и откако ќе „те скинат“ (а поскапуваат само во моментот на пристигнување) со нетрпение чекаат да ја напуштиш државата…
• Ѓубрето смрди во секој извор, поток, река, ливада, рид, пат…

• Кучињата талкаат низ дворови, улици, населби, тротоари, градови и болници…, кои треба да ви бидат на услуга…
• Бучава до утро, неред во сообраќајот, тепачки на паркинзи, рестрикции на вода, нечист воздух…
• Нема болнички услови, нема соодветно образование, нема развој, нема свежина, нема среќа, нема надеж, нема живот затоа што нема млади, заминати се…
*П.С.
Добредојдовте во украдениот град, во градот воден од злобници и обоен со кармин за да се покријат брчките!!!






