„Ние сакаме да дојдеме до законско решение кое ќе биде во интерес на сите.
, бидејќи ќе бидат понудени најсоодветните решенија за нивно вадење од системот на социјална заштита. Целта ни е овие лица да ги извадиме на пазарот на трудот за полесно да може да се интегрираат во заедницата. Тоа ќе го направиме заедно, преку дијалог со сите засегнати страни бидејќи само со лица оспособени за работа ќе се зголеми продуктивноста и на заштитните друштва. Во новото законско решение ќе биде вклучена и професионалната рехабилитација на лицата со попреченост за да создадеме широк дијазапон на вработлива структура”, рече Тренчевска.
Според претставниците на Заедницата на заштитни друштва во државата, со постојното законско решение инклузијата на лицата со попреченост е на задоволително ниво бидејќи 80% се вработени.
Посочија дека бенефициите при вклучувањето на лицата со инвалидитет во работниот процес даваат резултати и за фирмите и за лицата со попреченост.
Тие понудија помош во изготвување на новиот Правилник во делот на професионалната рехабилитација.






