среда, 28 мај 2025

Левица предупредува дека ДУИ и власта преку коридорите подготвија екстра профитирање на сметка на државата

Објавено на

часот

Сподели

Левица во своето соопштение наведува:

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес се овозможува ослободување од данок на додадена вредност (со право на одбивка на претходен данок) и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон.

Исто така, со предлозите се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за целите на овој проект.

бехтел-талат-левица

Потсетуваме дека контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ беше номиниран за стратешки партнер за имплементација на проектите за изградба на коридорите 8 и 10д во јули 2021 година. И покрај многубројните остри критики и иницијативата на ДКСК за оспорување на овој закон (затоа што ги крши уставните начела против монополската положба) Уставен суд ја отфрли иницијативата на Антикорупциската комисија.

Левица беше против специјалниот закон кој беше изгласан во Собрание, со што американско-турскиот конзорциум ја доби изградбата на Коридорот 8 без спрведување тендер. Без транспарентна постапка за јавни набавки, „Бехтел и Енка“ стана стратешки партнер со монополска положба.

Со овој предлог закон се овозможува дополнително да профитираат и инвеститорот и стратешкиот партнер на штета на државата и македонските граѓани, со што ќе ги бетонираат стекнатите монополски права, преку низа даночни и царински ослободувања на сметка на Буџетот во најголемата економска криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ