среда, 17 декември 2025

Левица: Негирањето на македонскиот народ да се осуди како неофашистички чин

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот на предлог резолуцијата меѓу другото е наведено:

„Повикувајќи се на историските државно-правни одлуки донесени на АСНОМ, особено Манифестот на АСНОМ, како основен документ на македонската државност, предлог – резолуцијата предвидува Собранието на Република Македонија да ги отфрли и осуди негирањата на постоењето на македонскиот народ со посебен национален идентитет, јазик, култура и историја, на негова засебна национална свест и самобитност или тврдењето дека тие се ‘вештачка творба создадена по Втората светска војна – било тие да доаѓаат од странски или домашни институции, политички актери или поединци, и истите да ги оцени како македонофобски чин и [нео]фашистичко дејствување против македонскиот народ и држава’.

Свесни за ужасите од Втората светска војна, потсетуваме на злоделата, ѕверствата, репресијата и ужасниот терор на кој беше изложен македонскиот народ од страна на бугарските (врховистички) и албанските (балистички) окупатори, кои како соработници на нацистичка Германија и фашистичка Италија, меѓусебно ја поделија територијата на Македонија и го поробија македонскиот народ, извршувајќи бројни злосторства врз него.

Негирањето на македонската антифашистичката борба, НОБ и оспорување на антифашистичкото минато на македонскиот народ, Собранието на Република Македонија да го цени како [нео]фашистички и шовинистички чин, кој исклучително го нарушува националниот интерес на Република Македонија, и истиот го смета за обид да се рехабилитираат фашистичките окупаторски идеи од пред и за време на Втората светска војна.

Ги повикуваме сите релевантни академски и научно-образовни институции и поединците кои работат во нив (МАНУ, Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’, Институтот за фолклор ‘Марко Цепенков’, универзитетите и факултети), здруженијата на борци на НОБ, како и медиумите, невладините организации и останатите јавни личности, да се вклучат во борбата против рехабилитацијата и промоцијата на фашистичките и нацистичките идеи и идеологии“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ