сабота, 13 декември 2025

Левица ќе бара апанажа и за работниците, апелира за поддршка од синдикатите

Објавено на

часот

Сподели

Со измените, според Левица, ќе се овозможи обичниот работник да зема месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност под еднавки услови како и т.н. апанажа, која им следува како класна привилегија на избраните и именуваните лица, односно на јавните функционери во државава.

„На ваков чекор се одлучивме предизвикани од вчерашното неподдржување од страна на пратениците на Предлог-законот, поднесен од Левица, за укинување на апанажата на функционерите. Таквото дејстување на, условно кажано, најголемите политички партии, е само продолжение на статус-квото, а против начелото на социјална правда. Дополнително, тоа нивно дејстување е недржавничко и претставува доказ дека за нив правата на обичниот работник за достоинствен живот се безвредни и единствена нивна партиска заложба е директна заштита на капиталот и привилегиите на мала група неспособни функционери“, пишува во соопштението од Левица.

Истовремено, од партијата апелираат до работниците и до синдикатите, јавно и отворено да го поддржат овој наш Предлог – закон и додаваат дека неговото поднесување е во насока на доследно почитување на уставното начело на забрана на дискриминација врз основа на имотна, социјална и општествената положба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ