среда, 17 декември 2025

Левица бара инспекциски надзор против Општина Гостивар за неистакнување на македонското знаме

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Гостивар, како надлежен орган за донесување одлука со која се определува надлежниот субјект за истакнување на знамињата на заедниците, умислено и злонамерно, дозволила незаконско истакнување на знаме на заедница, притоа грубо игнорирајќи го ваквиот законски утврден прекршок.

Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, како што е и Општина Гостивар, знамето на таа заедница се истакнува постојано единствено пред и во објектите на органите на општината, заедно со знамето на Република Македонија и никаде на друга локација на територија на општината“, соопштуваат од партијата.

Од Левица потсетуваат дека на улиците и плоштадите, покрај македонското знаме се истакнува и знамето на таа заедница единствено во таксативно наведени случаи, па согласно ваквата законска поставеност, знамето на заедницата не смее да биде постојано истакнато на предметната локација.

„Дополнително, во Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, со кој детално е уреден начинот на кој се истакнува државното знаме, никаде не е наведена можност за истакнување на друго знаме, без притоа да биде истакнато знамето на Република Македонија, со што се врши непочитување и деградирање на највисоките државни симболи“, се додава во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ