недела, 21 декември 2025

Лесниот пешадиски баталјон е обучен според најстрогите НАТО стандарди, вели Петровска

Објавено на

часот

Сподели

Петровска им честита на припадниците на Лесниот пешадиски баталјон за извонредно завршената задача и на оценувачите кои предизвикале, рече, восхит кај главниот набљудувач од НАТО потполковникот Тино Колман.

Таа се заблагодари на сојузниците од САД и Обединетото Кралство кои многу помогнале овој баталјон да се стекне со вакви перформанси и да добие вакви високи оценки.

Министерката Петровска изјави дека баталјонот е првата поголема единица која била оценувана според стандардите на НАТО по членството на нашата држава во Алијансата.

„Можеме да одиме со исправена глава затоа што покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО-цели на способности. Над 1.100 армиски припадници во периодот од 3 април до денеска изведоа 60-ина вежбовни активности и секој од нив беше успешно оценет. Покажаа дека се способни и подготвени за извршување на комплексни и борбени задачи на теренот на полигонот Криволак, кој е уникатен, единствен во овој дел на Европа“, нагласи министерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ