„Секако дека беше лапсус, мислам дека на сите им е јасно дека стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците“, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.
Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање:
„Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање“.






