недела, 21 декември 2025

Квалитетно е завршено реновирањето на зградата на „Шестата управа“, вели Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за инвестиција вредна 9,6 милиони денари од Буџетот на МВР, нагласи министерот и додаде дека се работи за 72-иот објект на министерството кој е реновиран.

„Извршени се повеќе градежно-занаетчиски работи на објектот, вклучувајќи ги новите подови во канцелариските простории и ходниците од заедничките простории, замена на вратите во постариот дел од објектот, како и на инсталациите во него, а на целиот објект е направена нова термоизолациона фасада. Санирана е кровната конструкција, поставени се нови олуци, а на стариот дел од објектот старите прозорци се заменети со нови термоизолациони прозорци и извршени се молерофарбарски работи на просториите во објектот”, речет Спасовски.

Министерот додаде дека има подобрување и во материјално-техничка смисла на овој Оддел, а во таа насока, како што рече, вработени во Одделот за заштита на определени личности и објекти добија дводелна цивилна облека и обувки.

„За потребите на Одделението за претходница и сообраќајно- ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, согласно планот за јавни набавки за 2020 година, беа набавени 30 комплети нова мотоциклистичка опрема што се состои од чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци и маици – со вкупна вредност на набавката, која беше спроведена после повеќе од десет години, од околу 4 милиони денари“, рече Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ