среда, 18 март 2026

Кузеска: СДСМ настојува да се зголемат платите на наставниците, ВМРО-ДПМНЕ блокира

Објавено на

часот

Сподели

Таа нагласи дека новата Влада предводена од СДСМ се посвети на битка со економската криза и буџетот кон директна поддршка на граѓаните и дека во април со законско решение, околу 80.000 работници ќе примат 18.000 денари минимална плата или, како што додаде Кузаеска, за 9.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја покачуваме минималната плата, но и ги поддржуваме компаниите со субвенции да може да ја исплатат во висина од 16 милиони евра. И граѓаните и компаниите се поддржани во овој процес. Добрите економски и финансиски политики овозможуваат да буџетот ги издржи сите кризи и излезе во пресрет на граѓаните со финансиска поддршка Со 38 милиони евра ги поддржавме граѓаните преку субвенционирање на набавките на електрична енергија и спречивме голем ценовен шок. Работиме на покачување на пензиите, на нова методологија за постојано зголемување. Го решивме проблемо со парното греење во Скопје и го преземавме БЕГ кој заради кризата не беше во можност да набави топлинска енергија. Не дозволивме граѓаните да останат без греење“, рече портпаролката.

Но, како што додаде, додека СДСМ интензивно работи на обезбедување повисоки плати и во време на криза, ВМРО-ДПМНЕ како прават сѐ за да не се покачат платите на наставниците и професорите во основното и средното образование.

„Фактите се очигледни. Колку и да е неодговорно ВМРО-ДПМНЕ, колку и да е голема нивната деструкција, СДСМ, парламентарното мнозинство, овие блокади на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да успеат“, рече на крајот Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ