вторник, 16 декември 2025

Кузеска: Нема да дозволиме блокирање на земјата заради фотелјата на Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

„Помина една недела, Собранието и покрај обидите да блокади на Мицкоски функционира. Ништо не се постигна освен што се одолговлекуваше дневниот ред, се создаваше хаос на седниците. ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо. СДСМ и мнозинството покажаа како се работи за граѓаните, блокадите на Мицкоски во Собранието се поразени. Наместо за интересот на граѓаните и државата Мицкоски се бори единствено за сопствената фотелја во белиот дворец. Постои незадоволство од неговата работа внатре во партијата заради неговата неспособност.“,  рече Кузеска 

Таа оцени дека не е новина деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е одлика на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ така се однесуваше и кога државата се справуваше со последиците од пандемијата со ковид-19, и кога се носеа пакетите за помош, така се однесувше и кога СДСМ ја покачуваше минималната плата, пензиите. Дури и кога се стратешките интереси на земјата и иднината на земјата во прашање го гледаме истото однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работеа против Преспанскиот договор и членството во НАТО. До пред само 5 години државата беше изолирана, заробена од режимот, скарана со соседите, а општеството беше поделено по речиси сите основи каде тензиите и конфликтите беа секојдневие“, нагласи портпаролката и оцени дека СДСМ ја врати државата на европскиот пат и го реализира членството во НАТО.

Во однос на анкетата на ИПСОС која денеска ја објави ВМРО-ДПМНЕ и според која таа опозициска партија е во значително водство пред СДСМ, Кузеска рече:

„Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби. Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните“..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ