Преку Фејсбук Касами рече дека Курти дошол во ненајавена посета што ги потврдува братските врски и пријателството. Касами со своите најблиски соработници поразговарале со Курти и за политиката.
„На средбата разговаравме за многу прашања од интерес на нашите две земји со цел соработка и на централно и на локално рамниште. Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска! Заедно ги градиме и развиваме нашите политики“, порача тетовскиот градоначалник.
Инаку, пораката за добредојде за Курти, дека дошол во Тетово „во главниот центар на Албанците во Северна Македонија“ е идентична со неодамнешната кога во Тетово кај Касами дојдоа градоначалници од неколку општини од Косово, како и градоначалникот на Бујановац, Србија.
Тогаш во дел од македонските медиуми таа порака беше протолкувана како провокација, односно преведена како „…во Тегово, во главниот албански град…“’. Во изјава за МКД.мк од кабинетот на Касами беше одговорено дека преводот на таа порака во дел од медиумите на македонски јазик е погрешен и дека пораката не гласи „главен град“ туку „главен центар на Албанците“.