среда, 10 декември 2025

КСЗД на средба до ДСЗИ за прашањето дали да се објавуваат јавно податоците на граѓаните во изолација

Објавено на

часот

Сподели

На средбата претставниците на ДСЗИ посочија дека системот за процесирање и достава на решенијата за изолација е обемен и застарен, а тоа создава многу проблеми во пракса. Ситуацијата станала дополнително комплицирана со новиот зголемен бран на новозаразени и скратувањето на роковите за изолација, соопштија од Комисијата.

Претставниците на ДСЗИ посочија дека веќе се разгледани најголемиот број на опции за поефикасно доставување на решенијата и дека во соработка со ИТ компанија дискутиран е нов електронски систем на доставување на решенијата за изолација.

При креирањето на овој систем претставниците на ДСЗИ истакнаа дека ги консултирале професори од Правниот факултет и стручни лица од Агенцијата за заштита на лични податоци, што значи дека системот ќе ги земе предвид позитивните законски прописи за заштита на личните податоци.

На крајот на средбата двете институции заклучија дека ќе бидат во постојана комуникација со цел спречување на евентуална дискриминација со примена на овој начин на објава и достава на решенијата за изолација.

КСЗД ќе биде во тек и ќе ги следи наредните чекори во насока на решавање на овој проблем и доколку предложениот концепт нема да содржи елементи на дискриминација, ќе го поддржи, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ