Според извори на ТВ21, Блерим Беџети ги замрзнал своите активности во „огнената“ фракција и се фокусира на соработката со Градот Скопје. Соработката меѓу двајцата главни експоненти на фракцијата, Меџити и Беџети, изгледа се соочува со криза која може да резултира со поделба, анализира телевизијата.
Имено, поддржувачите на Меџити се залагаат за формирање нова партијата, додека поддржувачите на Беџети инсистираат конфликтот да се реши во ДУИ.
Несогласувањата уште повеќе се продлабочиле кога Данела Арсовска го разрешила директорот на Јавното претпријатие Улици и патишта, Саит Саити, наводно поради блиската комуникација на дел од членовите на ‘огнената група’ со опозицијата, особено со Мицкоски. На местото на Саити сега е именуван Ќамил Ковачи, близок човек на Беџети, наведуваат изворите и додаваат дека поради овој судир, сега не се знае каков политички курс ќе фатат Муса Џафери и Невзат Бејта.






