Спасовски, денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека убиецот на хрватскиот ракометар Денис Тот, бил близок до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Toj ги отфрли обвинувањата дека институции се обиделе да го сокријат убиството на хрватскиот ракометар.
„Убиството беше решено во најкус рок. За да криете нешто треба да имате мотив. Кој би бил нашиот мотив“, праша Спасовски.






