четврток, 22 мај 2025

Ковачевски за Рамазан Бајрам: Преку меѓусебна почит и разбирање градиме еднакво општество

Објавено на

часот

Сподели

„Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом. Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави“, напиша премиерот во честитката. Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, како што посочува Ковачевски, Република Северна Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници. 

„Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи. Честит Рамазан Бајрам!“, порача во телеграмата за празникот Ковачевски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ