среда, 17 декември 2025

Ковачевски за Рамазан Бајрам: Градиме заедно едно општество за сите граѓани

Објавено на

часот

Сподели

„На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам. Рамазан Бајрам е празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност. Крајот на постот и дарбите што се стекнуваат во месецот на одрекувањето и воздржувањето, ги украсуваат верниците со дух на трпение, несебичност и дарежливост за да се споделат благодетите на празникот со членовите на семејствата, роднините, пријателите и соседите.

Овие вредности оваа година имаат посебно значење заради актуелната глобална криза.

Во овие услови, Рамазан Бајрам повикува да се соочиме со предизвиците и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени.

Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата.

Дозволете ми да ви посакам празничните денови на Рамазан Бајрам да ги поминете во радост и спокојството во домот, во добро здравје и духовна сила!

Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам“, порача Ковачевски. 

[video:https://youtu.be/RwCbMkZnZyE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ