понеделник, 22 декември 2025

Ковачевски-Вархеји: Ниту ден повеќе да не се одложува датумот за преговори со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Средбатга со Вархији била дел од работната агенда за време на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, а происутни биле и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими. 

„На средбата беше истакнато дека Западен Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија„, соопшти Владата.

На економски план, премиерот Ковачевски ја истакнал одличната соработка со ЕБОР и поддршката на големите инфраструктурни проекти, како една од главните цели на политиките на финансиските институции на ЕУ.

„Премиерот Ковачевски на средбата нагласи дека во контекст на новите глобални предизвици со кои се соочува светот, Владата на Северна Македонија внимателно ги презема сите активности за да се одржи постојната поддршка на странските и домашните инвестиции, како и да се елиминираат потенцијалните негативни ефекти врз економска активност во земјата.

Во однос на утврдувањето и развојот на стратешките инвестиции на полето на енергетска транзиција во државата и решавање на предизвиците од енергетската криза, еврокомесарот Вархеји најави соодветна поддршка за Северна Македонија преку европските институции“, пишува во соопштението за средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ