четврток, 18 декември 2025

Ковачевски – Вархеји: Евроинтеграцијата на Македонија е во интерес и на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Во информацијата за јавноста се вели дека постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија и дека, во спротивно, тоа може да остане уште долг период како отворено прашање, што не е од полза на ниту една страна.

Премиерот Ковачевски нагласил дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со бугарскиот премиер Кирил Петков при воспоставувањето на дијалогот и очекува односи на оваа база.

„Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската Унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ”, кажал премиерот Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ