петок, 19 декември 2025

Ковачевски: Секогаш сум на страната на наставниците, ги повикувам да се вратат на наставата

Објавено на

часот

Сподели

Тој порача дека заедничко решение може и ќе се најде, меѓутоа, како што нагласи, СОНК треба да биде искрен пред своите членови дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори и дека преговори не се водат под уцена, туку се водат низ економско-социјалниот дијалог.

„Ја покачивме минималната плата и постои законски рок од шест месеци за усогласување на платите. Тој рок не е истечен. СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие шест месеци го започна штрајкот. Според мене, ги доведе во заблуда наставниците“, рече Ковачевски.

Според премиерот, синдикалниот лидер Јаким Неделков пред јавноста не ги кажал докрај сите членови од законот.

„Тоа треба да го направи. Кажавме дека ќе разговараме и тоа се заклучоци на Владата дека ќе разговараме со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и во однос на воведување на нова методологија за зголемување во иднина на платите во јавниот сектор. Но, и за отворање на процес за изработка на нов закон за плати во државата со кој ќе се отстранат голем број на неконзистентности кои постојат во јавниот сектор и отворање на процес на реформи во јавниот сектор, бидејќи брои повеќе од 132 илјади вработени кои се платени од вработените во приватниот сектор и доколку се покачува платата, што треба да се направи, треба да се испорача и подобра услуга за граѓаните кои ги плаќаат тие плати“, рече Ковачевски oдговарајќи на новинарски прашања по денешното означување на почетокот на градежните активности за реконструкција на салата „Партизан” во Карпош..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ