вторник, 23 декември 2025

Ковачевски сака да верува дека ненамерно е исечен од фотографијата со Петков и Блинкен

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски вели дека со бугарскиот премиер имал навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и дека затоа сака да верува дека станува збор за пропуст.

На фотографијата која на Фејсбук ја објави Ковачевски, под неа беа ставени како илустрација знаменца на Македонија, САД и Бугарија, а во текстот дека станува збор за срдечна средба. На фотографијата што ја објави Петков на својот фејсбук-профил ниту го има Ковачевски, ниту има еден збор дека тој и Ковачевски имале средба со Блинкен. Ниту подоцна Петков конкретно тоа не го дообјасни преку Фејсбук.

 

И бугарските медиуми вчера забележаа дека од една фотографија се направени две верзии, прашувајќи се за мотивот на Петков, и забележувајќи дека тој што „сечел“, тоа го направил со обичен потег, на режење, а не во „фотошоп“ бидејќи на левата страна од фотографијата ѕирка ракав од Ковачевски.

Медиуми во Бугарија забележаа и дека изјава од прес-службата на бугарската влада имало за Нова.бг, но не и соопштение, а во која се вели дека грешката можеби ненамерно настанала во прес-центарот.

Кирил Петков денеска, повторно преку фејсбук, испрати порака дека тој и Ковачевски нема да наседнуваат на провокации и дека соработката ќе продолжи. Пораката медиумите ја сметаат како негова реакција по скандалот со фотографијата, бидејќи ниту со еден збор таа случка не е спомната. Воедно, во коментарите еден граѓанин напишал: „Друг пат не го сечи и ќе биде во ред“.

Инаку, бугарските медиуми забележаа и дека Вашингтон официјално не известил за средбата на државниот секретар Блинкен со премиерите на Македонија и Бугарија, што можеби значи и дека таа била случајна, „од нога“, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ