понеделник, 22 декември 2025

Ковачевски од Лондон порача дека македонската дијаспора е силен промотор на државава во Обединетото Кралство

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски и амбасадорката на Македонија во Обединетото Кралство Александра Миовска се заблагодарија на претставниците на македонската дијаспора за редовната и плодна поддршка која ја пружаат на нашата амбасада во Лондон, за промоцијата на Македонија во оваа пријателска земја и за промоцијата на македонскиот јазик и останатите културни белези на нашата татковина.

Премиерот Ковачевски ги запозна нашите државјани со очекувањата од самитот на ЕБОР, како една од најзначајните европски финансиски институции која ги поддржува реформските процеси во земјата за постигнување на стандардите на Брисел во нашата европска интеграција.

На средбата во амбасадата на Македонија во Лондон премиерот Ковачевски го истакна традиционалното пријателство на Обединетото Кралство и Македонија, како и силната британска поддршка која како држава ја добиваме во сферата на демократизацијата, доброто владеење, отворената Влада, транспарентноста и отчетноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ