сабота, 21 март 2026

Ковачевски: Нема договор со Бугарија додека не се дојде до достоинствено решение

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор и за споделување со институциите во едната или во другата држава“, изјави премиерот по посетата на прилепската болница. 

Прашан за чествувањата што се организираат по повод 24 мај, Ковачевски рече дека тој ќе ја предводи македонската делегација во Рим.

„Ние ќе имаме наша делегација во Рим, којашто ќе биде составена од министри, а во неа ќе биде и ректорот на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’. Јас ќе ја предводам таа делегација и таа ќе биде македонска делегација во Рим“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ