понеделник, 22 декември 2025

Ковачевски: Не постои директна закана врз Македонија, ја осудувам агресијата врз Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир.

Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбеденоста на Северна Македонија.

Покрај безбедносната состојба, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ